За нас

Центарот за локален развој – ЦЕЛОР е невладина, независна и непартиска организација која е основана во Скопје (јули 2006 год.), од страна на група граѓани (инженери на животната средина), со основна идеја за давање поддршка и услуги на граѓанското општество и придонес кон економскиот развој, социјалната добробит и заштита на животната средина. 

Центарот за локален развој, помага на граѓаните, граѓанските здруженија, локалните заедници, локалната самоуправа и бизнис секторот (малите и средни претпријатија) во нивните активности за изнаоѓање прифатливи алтернативи во решавањето на нивните проблеми, изготвување на планови, програми и активности кои ќе водат кон подобрување на условите на живеење и градење на одржливи заедници.

Организацијата дејствува и работи на локално, национално и меѓународно ниво.

Некои заедници дозволуваат да им се случи иднината, успешните заедници ја креираат својата иднина

 


Archives